Голема трагедија: Репрезентативец на Летонија пронајден мртов

Летонскиот кошаркар, Јанис Тима е пронајден мртов во хостел во Москва, пишуваат локалните медиуми.

Тима е пронајден во хостел во руската престолнина, а според првите информации со кои располагаат медиумите се работи за самоубиство. Тима играше во Русија во непрофесионална лига, за тимот наречен Аликсон. Поранешниот летонски репрезентативец на тој потег се одлучи на почетокот на оваа сезона.

Тима имаше 32 години, а во кариерата настапуваше за Рига, Лиепајас, Вентспилс, Зенит, а играше и во клубови од Евролигата како Химки, Басконија, Олимпијакос. Во подоцнежните фази од кариерата играше и за Дарушафака, но и за Умакао Гризес од Порторико, Обрадорио и Лејкленд Меџик кој е развоен тим на Орландо во НБА лигата.

За репрезентацијата на Летонија настапи на 56 натпревари со просек од 9,2 поени.

Се вчитува...