Голема трагедија во Хрватска: 15-годишен фудбалер почина рушејќи се на терен

Фудбалер на кадетите на хрватски НК Самобор почина во болница откако се сруши на терен за време на натпревар во младинскиот хрватски шампионат.

„Во 60. минута од натпреварот најпрво им кажал на судиите дека не се чувствува добро, а потоа се онесвести на терен и престана да дише. Лекарите првично успеваа да го одржуваат во живот додека не пристигна брзата помош. Натпреварот веднаш беше прекинат затоа што играчите беа потресени“ – се вели во соопштението од Хрватскиот фудбалски сојуз.

Но, младиот фудбалер иако бил пренесен во болница, сепак, за жал не успеа да се избори за живот.

„Во овие тешки моменти кои му се случуваат на самоборскиот и хрватскиот спорт испраќаме искрена порака за сочувство до семејството на починатиот ангел“ – информираа од неговиот клубот.

Порака со сочувство испрати и Хрватскиот фудбалски сојуз.

„Изразуваме најдлабоко сочувство на семејството, пријателите и соиграчите на младиот Мартин поради овој шокантен и ненадокнадлив губиток“ – се вели во соопштението од ХНС.

Се вчитува...