Андреа Капоне, поранешен фудбалер на Каљари, е пронајден мртов во хотел во Каљари. Капоне (43) наводно имал повреда на вратот, а се претпоставува дека ова е последица на пад.
„Газета“ објавува дека Капоне претходно ја поминал вечерта со своите пријатели на забава, а следното утро бил пронајден во бессознание.
Иако брзата помош реагирала брзо, лекарите не успеале да го реанимираат. Истрагата е во тек, а властите ја разгледуваат можноста смртта да е предизвикана од ненадејно влошување на здравјето, кое можело да доведе до фатален пад.
Капоне во својата кариера настапуваше за Каљари, Тревизо, Виченца, Гросето и Салернита, а неговата кариера траеше од 2000 до 2010 година.
Tutto il Cagliari Calcio apprende con sgomento e profonda tristezza la notizia della scomparsa di Andrea Capone, morto a soli 43 anni.
Riposa in pace, Andrea 😔❤️💙
Il cordoglio del Club ➡️ https://t.co/BKsi36VXYe pic.twitter.com/zFkfY2qyYZ
— Cagliari Calcio (@CagliariCalcio) September 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА