Швајцарската сноубордерка Софи Хедигер, загина во несреќа на планина. Врз 26-годишната олимпијка паднала лавина, пренесоа швајцарските медиуми.
Софи во друштво со професионалец, отишла да скија на затворена патека, и тоа ја чинеше живот. Лавината беше кобна за неа, додека нејзиниот партнер успеа да повика полиција и помош. Полицијата успеа да го извлече безживотното тело на Хедигер.
Веднаш била пробана реанимација, но неуспешно. Таа беше учесничка на Зимските олимписки игри 2022 во Пекинг, но не дојде до медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА