Голема трагедија во тимот на Ѓоковиќ – Почина сестрата на Горан Иванишевиќ

Најдобриот хрватски тенисер на сите времиња и моментално човек кој е дел од стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ ги преживува најтешките моменти во животот. Сестрата на легендарниот Хрват почина во 53. година од животот по долгата борба со тешката болест.

Првпат тешката болест и беше дијагностицирана уште во 1988. година пред тој да отпатува на турнир во Австралија. Во текот на годините тој голем дел од заработката го издвојуваше за лечење на неговата сестра, а таа беше една од најголемите негови фанови во текот на кариерата.

 

Се вчитува...