Голема трагедија го затекна македонскиот фудбал. Младиот фудбалер на Академија Пандев и репрезентативец на Македонија до 15 години, Филип Лазаревски загина синоќа во сообраќајна несреќа.
Според информациите од МВР, Лазаревски го загубил животот синоќа во Струмица во сообраќајна несреќа при тежок пад со моторцикл. Македонскиот младински репрезентативец заедно со свој пријател се возеле на мотор, при што се случила сообраќајна несреќа во која животот го загубил Лазаревски.
Филип Лазаревски беше стандарден член и на репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 15 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА