Голема тренерска рокада на повидок: Покетино во Манчестер Јунајтед, Зидан во ПСЖ

Претстојното Маурицио Покетино ќе го превземе кормилото на Манчестер Јунајтед, а нов тренер на ПСЖ ќе биде Зинедин Зидан, најавуваат англиските медиуми. „Црвените ѓаволи“ како идеален тренер за новиот проект на клубот го гледаат аргентинскиот стратег кој со успех го предводеше Тотенхен во минатото, а единствениот тренер кој може да ги предводи ѕвездите на „светците“ до голем трофеј е Французинот.

Поранешниот тренер на Реал Мадрид е без работа од крајот на претходната сезона и јасно е дека нема да превземе било кој клуб. Популарниот „Зизу“ и во минатото беше поврзуван со враќање во Франција каде како опција се јавуваат репрезентацијата на „триколорите“ и ПСЖ, а клубот од Париз се јавува како поверојатна опција.

Аргентинскиот стратег пак е дел од ПСЖ од јануари 2021 година и веќе загуби два трофеја во првенството преходната година и Суперкупот оваа. Сепак, ниту навивачите, ниту управата не се задоволни од начинот на кој Покетино го води дрим-тимот на ПСЖ, па огромни се шансите тој на крајот на сезонава да добие отказ, дури можеби и порано доколку „светците“ бидат елиминирани во раната фаза од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...