Големата дерби-пресметка во Чаир: Шкендија пет години не знае за гостинска победа со Шкупи

Големата дерби-пресметка од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига денеска од 13 часот на Чаир, каде Шкупи ја пречекува Шкендија во битката за лидерската позиција на табелата.

Шкупи ја има предноста на домашниот терен, но тетовци пристигнуваат полни со желба за освојување на бодовите кои и тоа како ќе бидат значајни во понатамошната битка за шампионската титула.

„Заслужено победивме во претходното коло со Работнички на меч на кој одигравме навистина добро. Натпреварот со Шкупи сега доаѓа во вистински момент за нас и мислам дека имаме сили да славиме во Чаир. Секако сакаме да се вратиме дома со трите бода, но знаеме дека нема да биде лесно. Ќе биде тоа голема борба за бодовите“ – вели Бруно Дита.

Шкендија на мечот ќе биде без Максимов, Ќаќа и Красниќи, но сепак очекува и посакува триумф. Иако, ако се погледне традицијата, таа и тоа како последниве години е на страната на чаирчани.

Шкендија цели пет години не знае за победа над Шкупи во Чаир. Последната првенствена победа на Шкендија во Чаир беше на 2. септември 2018 година кога тетовци славеа со 1-2.

А, меѓусебната пресметка на двете водечки екипи, ќе се обиде да ја искористи Струга ТЛ која со триумф на гостувањето против Тиквеш и дефинитивно активно ќе се вклучи во трката за првата позиција.

ПРВА ЛИГА – 17. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВОСКА СПОРТ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА
Кратово: СИЛЕКС – ГОСТИВАР
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР 0-1
Милосавиќ 35′

Се вчитува...