Големата глупост на Мерцедес, донесе прва победа на Перез во кариерата

Серхио Перез на Рејсинг Поинт е сензационален победник на патеката Сахир, на трката во Бахраин. Перез стигна до победата откако на 25 круга до крајот кога на патеката беше безбедносното возило,  тимот на Мерцедес направи голема глупост и ги повика двата свои болида во пит-стопот, но успеа да им ги помеша пневматиците на Џорџ Расел и Валтери Ботас. Поради тоа тие го изгубија водството на трката, а Перез изби на врвот. По рестартот Расел повторно беше одличен и стигна до второто место, но следуваше нов пех и ново влегување во пит стоп по што и дефинитивно ги загуби шансите за победа.

Второто место му припадна на Естебан Окон на Рено, додека третопласиран заврши клупскиот колега на Чико Перез, Ленс Строл.

Леклер и Ферстапен поради судирот на почетокот на трката не успеаја уште во првиот круг го ја завршија трката.

 

Се вчитува...