Големата награда на Јапонија останува во Мото ГП до 2030

Гран При на Јапонија во Мото ГП шампионатот ќе се одржува на патеката „Твин Ринг Мотеги“ најмалку до 2030 година, потврди „Дорна Спортс“, компанијата што го организира шампионатот.

Јапонија е многу важен пазар за најбрзиот спорт во светот со децении, но не само тоа – посветеноста и страста на фановите кон мотоциклистите е неспоредлива никаде на друго место.

„Јапонија е многу важна за Мото ГП шампионатот. Мотеги секогаш приредува фантастична претстава и е референтна точка во календарот поради организацијата. Јапонските фанови се неверојатно добро информирани и со задоволство потврдуваме дека ќе се тркаме таму до 2030 година“, рече првиот човек на „Дорна“, Кармело Еспелета.

Се вчитува...