Големи главоболки за Далиќ – двајца повредени првотимци

Хрватскиот селектор Златко Далиќ се соочува со сериозни проблеми во пресрет на квалификацискиот дуел со Велс, откако од комбинација за настап отпаднаа двајца стандардни првотимци. Анте Ребиќ поради болка во коленото нема да може да му помогне на националниот тим, a повреда на мускулот нема да може да настапи ниту Иван Ракитиќ.

„Ракитиќ подолго време игра повреден и сега навистина мора да мирува. Нема да може да игра, исто како и Ребиќ. Нема да плачеме, верувам дека оние кои ќе настапат на нивно место ќе ја оправдаат довербата“ – изјави кормиларот на хрватскиот национален тим.

Хрватска не смее да си дозволи „кикс“ против Велс откако во претходното коло претрпе пораз на гостувањето против Унгарија.

Се вчитува...