Младиот српски голман Џорџе Петровиќ одлично ја искористи шансата која ја доби во Челси и веќе се наметна како голман број еден пред Роберт Санчез кој беше незаменлив на стартот на сезоната.
Србинот имаше успешен настап во финалето од англискиот Лига куп каде 118. минути успеа да ја зачува мрежата недопрена пред гол да постигне Вирџил ван Дајк. За добриот настап доби пофалби и од легендата на својот клуб, Џон Оби Микел.
„Со почит кон Роберт Санчез кој е фантастичен голман, но Џорџе Петровиќ е оној вистинскиот. По секоја одбрана изгледа така мирно и сигурно. А, кога ќе видиш дека имаш таков голман тогаш и ти си како играч помирен. Таков беше за нас Петр Чех. И знам дека ова е огромно признание, но мислам дека Петровиќ може да биде новиот Петр Чех за Челси“, изјави Оби Микел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА