Реал Мадрид со феноменален пресврт го совлада Дубаи со убедливи 107-93, прекинувајќи ја серијата од четири победи на дебитантот во елитното европско натпреварување. Гостите имаа двоцифрено водство во неколку наврати во првото полувреме, на одмор заминаа со 44-58, но „кралевите3 одиграа второ полувреме за паметење, ги добија овие 20 минути со преубедливи 63-35 и стигнаа до заслужена победа.
Хезоња беше прв стрелец со 20 поени, со 17 постигнаа Лајлс и Кампацо, додека стрелците на Дубаи во овој пораз ги предводеа Бејкон со 26 и Мекинли Рајт со 14 поени.
Домаќините славеа со голем пресврт и на италијанската пресметка меѓу Виртус Болоња и Олимпија Милано што тимот на Душко Ивановиќ ја доби со двоцифрени 97-85. Триумфот е уште поголем ако се знае дека гостите од Милано имаа предност од 14-27 по првата четвртина, Виртус се врати со 33-20 во вториот период, за домаќините во продолжението целосно да го скршат отпорот на гостинскиот состав.
Морган со 22 и Алстон со 20 поени ги предводеа стрелците на Виртус Болоња, додека најефикасни кај Милано беа Нибо со 15 и Ледеј со 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

