Големи проблеми за Арсенал: Крај на сезоната за Тимбер?

Вицешампионот Арсенал ја започна новата сезона во Премиерлигата со победа од 2-1 против Нотингем Форест, но стана без 45 милионското засилување Јуран Тимбер кој заработи повреда во првото полувреме.

Поради истата Тимбер мораше да биде заменет, а првите информации воопшто не се поволни за „топџиите“. Според англиските медиуми 22-годишникот ги скинал лигаментите на коленото со што го очекува повеќе месечен одмор од терените.

Информацијата сепак е неофицијална, а по новите детални прегледи и официјално ќе биде позната сериозноста на поведата. Доколку се воспостави дека е најлошото сценарио за младиот Холанѓанец сезоната е завршена.

Се вчитува...