Големи проблеми за Арсенал – Се повреди Мартин Одегард

Фудбалерот на Арсенал и норвешки репрезентативец Мартин Одегард се повреди на натпреварот против Австрија од Лигата на нации.

Се чини дека Одегард сериозно го повреди скочниот зглоб па се очекува долг период да биде надвор од терените.

„Повредата на Мартин изгледаше лошо во соблекувалната, само знаеме дека е истегнување на скочниот зглоб“, изјави норвешкиот селектор Стале Солбакен.

Од лекарскиот тим на Норвешка додао дека се ќе биде појасно по магнетната резонанца.

„Ќе видиме во текот на денешниот ден што ќе се случува понатаму и што ќе направиме за тоа. Со малку среќа може да испадне добро и да не се скинати лигаментите“, изјави Санд.

Норвешка ја победи Австрија со 2-1 и се наоѓа на второто место во групата 3 од Б лигата, со четири бода, исто бодови како и водечката Словенија која има подобра гол-разлика.

Се вчитува...