Фудбалерите на Баерн Минхен синоќа славеа над Аугзбург со 1-3 во премиерниот меч од 28. коло во германската Бундеслига.
Иако стигнаа до полн плен и плус девет во моментов пред Баер Леверкузен на првенствената табела, Винсент Компани се соочува со големи проблеми пред двомечот со Интер во Лигата на шампионите.
Еден од најдобрите фудбалери на Баварците, Џамал Мусиала кој беше стрелец на првиот гол на мечот, поради повреда мораше да излезе од игра во 54. минута.
Повредата не е нималку наивна па се очекува во некој следен период Баерн Минхен да биде без услугите за Мусиала, што е голем проблем бидејќи сезоната влегува во нејзиниот финиш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА