Големи проблеми за Барселона: Тер Штеген ќе паузира осум месеци!

Лоши вести стигнуваат за Барселона по мечот со Вилјареал кој го добија со 1-5. Марк Андре тер Штеген го напушти теренот на носилки откако го повреди десното колено. Тоа беше во акција по која тој погрешно доскокна во судиското надополнување во првото полувреме. Првите снимки укажуваат на повреда на пателарната тетива на десното колено.

Дополнителните прегледи ќе кажат повеќе, но доколку е скината тој ќе мора да паузира осум месеци.

Со целата тежина Тер Штеген падна на десната нога и го оштети истото колено на кое беше опериран прво во август 2020 година, а подоцна, во мај 2021 година.

Тер Штеген беше однесен со брза помош во најблиската болница за да направи повеќе тестови и рендген, каде што ќе го видат точниот обем на повредата.

Се вчитува...