Во шпанското дерби на АЦБ лигата, Реал Мадрид ја совлада Басконија со резултат 89-82 во 15. коло. Басконија е во се послаба форма, се подалеку e од врвот на табелата, што значи дека би можела да остане без Купот на кралот, но и плеј-офот. Но, тоа не е најлошото.
Многу поголем проблем е повредата на Маркус Хауард на почетокот на втората четвртина. Тој се судри со Марио Хезоња и остана да лежи на подот држејќи го коленото.
Веднаш беше јасно дека Басконија не може без него. Иако беше блиску, во последната четвртина домашните немаа сила и забележаа нов пораз.
Реал го предводеше Џанан Муса со дури 29 поени и 5/5 тројки, додека Факундо Кампацо имаше 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА