Првата ѕвезда на фудбалската репрезентација на Бразил, Нејмар нема да биде подготвен ниту за вториот квалификациски натпревар од ноемврискиот прозорец за пласман на Свестското првенство во Катар.
Откако од претходно се знаеше дека селекторот Тите нема да смета на својот најдобар фудбалер за мечот против Венецуела, веројатно Нејмар нема да биде подготвен ниту за дерби дуелот против Уругвај. Фудбалерот на ПСЖ се уште не е доволно опоравен од повредата, а репрезентативниот доктор на „кариоките“ изјави дека и покрај тоа што неговата рехабилитацција оди во посакуван тек, се уште не се знае дали ќе биде подготвен за мечот против Уругвај.
Бразил во првите два натпревари во мундијалските квалификации забележа две лесни победи против Боливија и Перу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА