Џирона не ја почна новата сезона како што се надеваа навивачите на овој тим, а тренерот Мичел се соочува со нови големи проблеми во пресрет на утрешниот дуел од Лигата на Шампионите против Феенорд.
Ориол Ромеу, кој е стандарден на местото последен играч за врска се здоби со сериозна повреда на мускулот на десната нога. Деталните прегледи покажаа значително кинење на мускулот, па поранешниот фудбалер на Барселона ќе отсуствува два месеца од терените.
Дејли Блинд исто така се повреди на последниот дуел со Џирона, неговата ситуација е помалку сериозна во однос на онаа на Ромеу, но лекарите препорачале пауза од еден месеци, што сериозно ги зголемува главоболките на тренерот Мичел.
Џирона утре ќе го игра првиот домашен меч во ЛШ во историјата на клубот, а останува да се види дали Мичел ќе реши против Феенорд да му даде шанса на Бојан Миовски, кој дојде од Абердин како големо засилување за нападот на шпанскиот тим по заминувањето на Довбик во Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА