Големи проблеми за Флик: Барселона во следниот период без Педри

Барселона забележа важна победа на гостувањето во Чешка против Славија Прага од 2-4 во Лигата на шампионите, но тоа славје имаше цена.

Во 61. минута од мечот играта ја напушти Педри, најважниот играч на Барселона и според многумина најдобриот играч за врска во светот. Шпанскиот играч за врска го повреди грбот, а ден по натпреварот пристигна информација колку време ќе биде надвор од терените.

Барселона потврди дека Педри ќе отсуствува најмалку еден месец, што значи дека Барселона ќе треба да најде решение за негова замена.

За Педри ова е дури трета повреда сезонава. Од октомври до ноември тој пропушти пет натпревари поради повреда на мускулот, пропушти еден натпревар поради повреда на потколеницата во декември, а сега се очекува да пропушти 10 натпревари за Барселона.

Педри би требало да се врати на терените дури во март.

Се вчитува...