Италијанскиот великан, Интер се соочува со нови „финансиски“ проблеми, откако нивниот спонзор „Дигигал битс“, компанија која се занимава со криптовалути го одложила плаќањето на првата рата од пет милиони од договорот вреден 85 милиони долари.
Интер од својот портал ги повлече сите референци од спонзорот. Клубот порано потпиша четиригодишен договор со компанијата, а затоа овој проблем уште толку ги надразни сопствениците на клубот, па одлучија да ги повлечат сите реклами на спонзорот кој треба да стои на дресовите на клубот во новата сезона.
Сепак, од клубот известуваат дека се работи за решавање на проблемите и се надеваат дека до стартот на новата сезона целата ситуација ќе биде решена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА