Лошите вести за Реал Мадрид се официјално потврдени. Трент Александер-Арнолд ќе отсуствува околу два месеца поради повреда на мускулот. Утрово направената магнетна резонанца во Валдебебас покажа скршен преден мускул на левиот квадрицепс, објави шпански „АС“.
Англискиот десен бек се повреди во второто полувреме во победата од 0-3 против Атлетик Билбао и веднаш побара замена.
Ова е трет проблем за Арнолд оваа сезона. Во јули паузираше една недела, а во септември отсуствуваше 31 ден поради повреда на феморалниот бицепс. Тренерот Чаби Алонсо сега има сериозен проблем на десната страна од одбраната, бидејќи и Дани Карвахал ќе биде надвор од терените до 2026 година поради операција на коленото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

