Плејмејкерот на Лос Анџелес Лејкерс, Раожон Рондо заработи скршеница на палецот на десната рака, поради која нема да може да биде дел од тимот во продолжението на сезоната во НБА, која својот рестарт ќе го има на 30. јули.
Искусниот кошаркар се очекува да биде надвор од терените од 6 до 8 седмици, што значи дека Лејкерс нема да можат да сметаат на него се до завршницата од плеј-офот. Тимот од ЛА првиот натпревар по паузата ќе го има на 30. јули против градскиот ривал Клиперс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА