Големи проблеми за Лејкерси, се повреди Дончиќ

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс , словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ (26) нема да игра најмалку една недела поради истегнување на прстот на левата рака и контузија на долниот дел од левата нога.

Ова значи дека Дончиќ сигурно ќе ги пропушти следните четири натпревари на Лејкерси, против Сакраменто Кингс (недела), Портланд Треил Блејзерс (понеделник), Минесота Тимбервулвс (среда) и  Мемфис Гризлис (петок).

Дополнителен проблем за Лејкерси ќе биде отсуството на Леброн Џејмс, кој сè уште не играл оваа сезона поради болки во грбот.

Во првите два натпревари од оваа сезона, Лејкерси имаат по една победа и еден пораз, а Дончиќ моментално има просек од 46,0 поени, 11,5 скока и 8,5 асистенции.

Се вчитува...