Големи проблеми за Њујорк Никс

Бекот на Њујорк Никс, Џејлен Брансон, се здоби со тешка повреда ноќта меѓу четвртокот и петокот. Њујорк Никс загуби од Лос Анџелес Лејкерс во четвртокот вечерта со 113-109.

На тој меч во еден момент имаа и двоцифрена предност, но во вториот дел Дончиќ и Леброн направија голем пресврт и победија по продолженија. Она што беше уште полошо од поразот е фактот што бекот Џејлен Брансон се повреди доцна во натпреварот и ќе биде надвор од терените подолго време.

Повредата на Брансон не можеше да дојде во полошо време за Никс, кои се на гостинска турнеја во која ќе одиграат уште пет меча на Западниот брег на САД.

Се вчитува...