Поразот од Партизан во Белград скапо ќе ја чини Олимпија Милано бидејќи на овој натпревар повреда заработи и еден од најдобрите кошаркари во составот Џош Нибо.
Американецот со словенчки пасош има повреда на бутот на десната нога и ќе биде надвор од терените најмалку во следните три недели.
По овој период ќе се направи дополнителна проценка да се утврди статусот на рехабилитацијата.
Нибо ни е единствениот кошаркар од италијанскиот состав кој се повреди на натпреварот против Партизан. Покрај него на повреда се пожали и Шевон Шилдс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

