Големи проблеми за Партизан: Вања Маринковиќ го чека долга пауза

Капитенот на Партизан, Вања Маринковиќ, заработи повреда на ахиловата тетива на крајот од синоќешниот натпревар против Хапоел Тел Авив кој со луд пресврт го добија белграѓани по продолженија. Иако во еден момент црно-белите имаа негатива од 27 поени на крајот успеаја да направат целосен пресврт и да слават по продолженија.

Прегледот и ултразвукот по мечот направен во Минхен покажаа дека станува збор за руптура која бара подолго закрепнување.

По пристигнувањето во Белград, Вања ќе биде подложен на магнетна резонанца, по што ќе биде донесена одлука за тоа како ќе се лекува оваа повреда.

Се вчитува...