Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Фернандо Сантош се соочува со големи проблеми пред полуфиналниот дуел против Турција од баражот за пласман на Светското првенство кое на крајов на годинава ќе се игра во Катар.
Откако веќе сигурно е дека нема да може да смета на Рубен Дијаш, Сантош на полуфиналниот меч ќе го нема и искусниот стопер, Пепе. Фудбалерот на Порто е позитивен на коронавирус, па сега е под знак прашање дали ќе може да настапи и во евентуалното финале, доколку Португалија стигне до него. На местото на Пепе, Сантош во репрезентацијата го повика фудбалерот на Лил, Тиаго Џало.
Победникот од натпреварот меѓу Португалија и Турција за пласман на мундијалот во Катар ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Италија и Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА