Големи проблеми за ПСЖ: Нејмар во „аут“ еден месец

ПСЖ се соочува со големи маки во пресрет реванш дуелот од Лигата на Шампиони против Баерн Минхен. „Светците“ имаат негатива од еден гол, а на гостувањето во Германија нема да може да сметаат ниту на Нејмар кој заработи повреда на вчерашниот неверојатен дуел против Лил во Лига 1.

Бразилецот мораше да го напушти теренот во носилки, а по деталните прегледи утврдено е дека станува збор за делумно скинати лигаменти на зглобот кои ќе го оддалечат од теренот најмалку еден месец.

Се вчитува...