Најдобриот играч и најдобар стрелец на Реал Мадрид, Французинот Килијан Мбапе, ќе биде надвор од терените помеѓу две и три недели поради повреда.
Веста прв ја објави францускиот „Л’Екип“, што шпанскиот клуб на крајот ја потврди. На Килијан Мбапе му е дијагностицирана повреда на коленото. Тој беше подложен на магнетна резонанца, која ја утврди природата на повредата.
Се очекува францускиот напаѓач да го пропушти натпреварот од 18-то коло на шпанската Ла Лига против Бетис (4 јануари) и полуфиналето од шпанскиот Суперкуп против градскиот ривал Атлетико (8 јануари).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

