Подготовките на словенечката ракометна репрезентација за Европското првенство се одвиваат во услови на сериозни проблеми. Селекторот Урош Зорман е принуден радикално да ги промени своите планови пред натпреварувањето бидејќи, поради различни околности, ќе биде без дури осум играчи кои требаше да играат важна улога во тимот.
Нејц Цехте, Блаж Благотиншек, Борут Мачковшек, Миха Зарабец, Матија Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц и Јака Малуш нема да настапат на првенството. Отсуствата од таков калибар претставуваат тежок удар за словенечката репрезентација, особено затоа што станува збор за ракометари кои со години се столб на националниот тим. Ќе биде особено тешко да се надомести недостатокот на искуство и квалитет што го донесоа Зарабец, Цехте, Благотиншек и Мачковшек.
И покрај кадровските тешкотии, се очекува Словенците да ја минат група со Црна Гора, Фарските Острови и Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

