Организаторите на Ролан Гарос, најавија големи промени кои ќе се случат од следната година. Дождот повеќе нема да биде проблем на вториот грен-слем во сезоната, бидејќи од следната година, централниот терен Филип Шатрие, ќе добие покрив, а со него и рефлектори кои покрај на Шатрие, ќе бидат инсталирани и на останатите три најголеми терени.
Рефлектори ќе бидат поставени и на вториот по големина терен Сузан Ленглан, новиот Симон Матје, и теренот број 4. Во 2021 година ќе бидат поставени рефлектори и на останатите терени, а ќе биде вметнат и по еден меч во вечерната програма.
„Од 2021 ќе имаме три меча во дневната понуда и еден во вечерната. Тоа ќе го направиме од 2021 бидејќи следната година доволна промена ќе биде поставувањето на покрив“, изјави директорот на Ролан Гарос, Ги Форже.
Roland Garros’ four main courts to have lights from 2020 https://t.co/ajdiR2Vu3V pic.twitter.com/GhFEq46OU8
— YoBuzz (@YoBuzz1) June 9, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА