Големи шанси за пласман понатаму: Алкалоид два пати ќе биде домаќин на Виена

Алкалоид е многу блиску до пласман во осминафиналето од ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим постигна договор со следниот ривал, Вест Виена од Австрија, двете средби од 1/16 финалето да бидат одиграни во Скопје.

Вообичаена пракса е двомечите да се играат дома-гости, но ЕХФ остава можност клубовите заеднички да се договорат еден од нив во ист викенд да биде домаќин на двете средби. Вест Виена два пати гостуваше и во претходната рунда, австрискиот тим сереши за ист рецепт и во осминафиналето, прифаќајќи ја понуда на Алкалоид да биде домаќин на двата меча предвидени за крајот на месец нормеври.

Нема дилема дека ваквиот развој на настаните сериозно ги зголемува шансите на тимот на Алкалоид, кој игра маестрално од стартот на сезонава и има перфектен скор во Супер-лигата, како и освоен трофеј во Супер-купот на Македонија и две победи над литванска Клаипеда во претходната рунда од ЕХФ Европскиот куп.

Алкалоид и Вест Виена двата меча ќе ги играат во скопската сала „Автокоманда“. Средбите се закажани за 29 ноември, меч на кој Алкалоид формално ќе биде домаќин и ден подоцна, на 30 ноември, меч на кој домаќин ќе биде Вест Виена. Двата натпревари ќе се играат со почеток од 19:00 часот.

Се вчитува...