По триумфот на Австралија опен, Роџер Федерер повторно го презеде водството по бројот на освоени големи титули. Во оваа престижна категорија се вбројуваат титулите од гранслем турнирите, завршниот Мастерс и од турнирите од Мастерс серијата.
Федерер минатата недела ја освои својата 18 гранслем титула што е вкупно негова 48 голема титула во кариерата бидејќи има и шест трофеи од завршниот турнир и 24 трофеи од Мастерс серијата.
До овие 38 големи титули, Швајцарецот дојде на 206 одиграни турнири или статистички во просек има освоено титула на 4,3 турнири. Првата голема титула Роџер Фердер ја освои во Хамбург пред 16 години.
На второто место на оваа листа на најдобрите во светот на тенисот е Новак Ѓоковиќ со вкупно 47 големи титули. Српскиот тенисер е рекордер со 30 титули во Мастерс серијата, а покрај тоа има 12 гранслем титули и пет трофеи од завршиот турнир. Според бројот на одиграни турнири и освоени титули, Ѓоковиќ во просек има по една титула од 3,2 турнири.
Рафаел Надал е на третото место на оваа листа со 42 големи титули, од кои 14 се гранслем титули, а 28 титули на турнирите од Мастерс серијата. Шпанецот досега нема освоено ниедна титула на завршниот турнир. Просекот на Надал е една титула на 3,6 турнири.
Зад водечката тројка на оваа престижна листа во „белиот спорт“ се Пит Сампрас со 30 (просек 4,9) и Андре Агаси со 26 големи титули (просек 6,3).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА