Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско, го постигна победничкиот гол за својот тим во триумфот (2-3) над Спортинг Хихон и го прослави на специфичен начин. Приказната дури потоа беше откриена. Тој вети на едно девојче дека ќе ги поздрави нејзините глуви родители со знаковен јазик, доколку постигне гол на мечот.
Кога Иско успеа да ја затресе мрежата на Спортинг Хихон, не го заборави малото девојче на кое ден претходно и потпишуваше автограми. Со знаковниот јазик на глувонемите им кажа – „Ве сакам“!
Неверојатен гест на фудбалерот на „кралскиот клуб“. Сега сите знаеме како се вели „Те сакам“ на фудбалски начин…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА