Големиот аргентински талент претставен во Реал Мадрид

Аргентинскиот фудбалер Франк Мастантуоно официјално потпиша шестгодишен договор со Реал Мадрид, објави мадридскиот клуб.

Мастантуоно пристигна во Реал од Ривер Плејт, а договорот со мадридскиот клуб го потпиша на својот 18-ти роденден. Тој ќе го носи дресот со број 30 во Реал.

Финансиските детали не се објавени, но шпанските медиуми наведуваат дека мадридскиот клуб издвоил околу 65 милиони евра за овој трансфер.

Мастантуоно одигра 64 натпревари за првиот тим на Ривер Плејт и постигна 10 гола. Оваа година, тој дебитираше за А-селекцијата на Аргентина на натпреварот против Чиле.

Се вчитува...