Легендарниот италијански голман и чувар на мрежата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон, во јануари ќе го прослави својот 40.роденден, а на крајот од сезоната и дефинитивно ќе стави крај на активната фудбалска кариера. Тој беше избран за најдобар голман во изборот на ФИФА за минатата сезона, што доволно говори дека и понатаму е во самиот крем на европскиот фудбал.
„Оваа сезона е последна за мене, и сигурен сум дека го правам вистинскиот потег. Една или две години повеќе на голот, нема да сменат ништо што досега не сум го постигнал“, изјави Џанлуиџи Буфон.
Јувентус како наследник на Буфон во моментов го има Војчех Шчешни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА