Иран по голема битка во драматична завршница го совлада националниот тим на Велс со 2-0 и остана во игра за осминафиналето на СП, триумф што е уште поголем ако се земат во предвид сите проблеми со кои се соочува иранскиот народ со масовните протести против власта во изминатите неколку месеци.
Честитки до иранските репрезентативци стигнуваат од сите страни, а еден од многумината што преку социјалните мрежи им честиташе на победниците на првиот денешен меч беше и легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон.
„Ќе останете запаметени по својата храброст. Оваа победа е знак на надеж и на сила за сите оние кои се борат за слобода во вашата земја. За сите нив сте херои, за мене сте пример“, напиша 44-годишниот Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА