Џанлуиџи Буфон е ’гранде голман’, но и ’гранде човек’. Тој упати видео-порака за Филип Лам и Чаби Алонсо, фудбалерите на Баерн Минхен, кои денеска го одиграа последниот меч во кариерата и заминаа во фудбалска пензија. Тој вели дека му било голема чест да игра против овие фудбалери.
„Слушнав дека по освојување на сите трофеи во вашата кариера, решивте да кажете ’доста е’. Сакам да ви кажам дека за мене беше голема чест да играм против вас, затоа што секогаш бевте комплетно посветени и фер. Среќно во иднина, во фудбалот или во некое друго поле од животот“, соопшти Џанлуиџи Буфон во видео порака.
Wenn Legenden über Legenden sprechen…Große Worte von @gianluigibuffon an @philipplahm! ? #DankePhilipp pic.twitter.com/hZhRA3TqyR
— FC Bayern München (@FCBayern) May 20, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА