Големиот Французин до Роналдињо: “Ќе те пратам во болница ако се обидеш тоа да го пробаш со мене”

Мекелеле беше еден од најдобрите играчи за врска во задната линија. Бившиот фудбалер на Реал, Челзи и ПСЖ е пример за играч кој би го посакал секој клуб со врвни дострели.

Раскажа една анегдота поврзана со бразилскиот ас Роналдињо со кого се има сретнато осум пати на фудбалските терени. Мекелеле многу добро знаеше како игра волшебниот Бразилец и што се може да направи. После еден дриблинг Французинот му рече на Роналдињо:

“Мали, очекувам да ме дриблаш со почит, нема да ги толерирам твоите трикови од Плејстејшн. Ќе те пратам во болница ако се обидеш тоа да го пробаш со мене”

На прашање на новинарите како реагирал Бразилецот, освојувачот на светското сребро во 2006, тој одговорил:

“Ми ја даде топката и ме замоли да му простам”

Мекелеле го опиша стилот на дриблинзи на славниот бразилски фудбалер како злоставување на противникот,  и додаде дека сите играчи се плашеле кога морале да го чуваат.

 

Се вчитува...