Среќно Катанец воодушеви со својот последен гест во Узбекистан, со кој поранешниот македонски селектор само ја потврди извонредната човечка големина што ја поседува.
Имено, Словенецот ја предводеше селекцијата на Узбекистан на стартот од квалификациите, бележеше одлични резултати, но потоа поради тешка болест мораше да се повлече. Узбекистанците испишаа историја за првпат успевајќи да стигнат до мундијалски билет, а челниците на федерацијата не го заборавија Катанец, кој исто како и сите членови на стручниот штаб и фудбалерите доби луксузен електричен автомобил од кинеската компанија BYD.
И тогаш, Катанец воодушеви со одлуката ова возило да не го задржи за себе, туку да го подари на својот најблизок соработник во изминатите години, преведувачот Даврон Ахмедов.
Ахмедов и според самата функција е најслабо платен во националниот тим, не се најде на списокот на наградени на федерацијата, но Катанец со овој потег јасно им стави до знаење на сите од колкаво значење бил преведувачот за тој што подобро да се адаптира, но и да ги пренесе своите тактички замисли врз фудбалерите.
Со тоа, Среќо Катанец одржа лекција по човечност, покажувајќи како треба сите да се однесуваме кон лицата околу нас. Најважно од се е да се биде човек дури и кога си во најтешки животни ситуации, во каква е и самиот Среќко во последните месеци…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

