Јуп Хејнкес уште еднаш докажа дека е експерт за освојување на трофеи, но и голем господин кога станува збор за поделба на заслугите за успесите. Тој дојде среде сезона на клупата на Баерн кога тимот имаше негатива во однос на лидерот Борусија Дортмунд, но со извонредни резултати успеа да ја задржи титулата на „Алијанц арена“ на пет кола до крајот на сезоната.
Хејнкес, кој на крајот на сезонава повторно ќе се пензионира, титулата им ја посвети на фудбалерите, но и на својот претходник Карло Анчелоти.
„Кога ќе се освои трофеј, тој е заслуга на сите, но најмногу на играчите. Овие фудбалери одиграа извонредна сезона и заслужуваат да бидат прогласени за шампиони на Германија. Би сакал да го поздравам и Карло Анчелоти, кој е извонреден тренер. Ова е титула и на Анчелоти“ – скромно изјави Хејнкес по победата над Аугсбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА