Со славјето на Реал Мадрид против Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите, Карло Анчелоти дополнително се осамостои на врвот на листата на тренери со најмногу трофеи во Лигата на шампионите. Тоа е веќе петта титула во Лигата на шампионите за Анчелоти, додека првите следбеници имаат три.
Шпанскиот фудбалски стручњак Пеп Гвардиола, Французинот Зинедин Зидан и Англичанецот Боб Пејсли имаат по три европски круни. Гвардиола ги освои првите две европски титули на клупата на Барселона во 2009 и 2011 година, а лани и со „граѓаните“. Зидан ги освои сите три титули со Реал Мадрид (2016, 2017, 2018), а Пејсли со Ливерпул (1977, 1978, 1981 година).
Анчелоти емотивно ја прослави новата титула и веднаш се залета во прегратките на сопругата Луиза Џибелини. Таа беше на трибините заедно со навивачите на Реал Мадрид, а Италијанецот ја најде веднаш по последниот судиски свиреж и отиде во нејзината прегратка.
Емотивната прегратка погледнете ја на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА