Легендарниот шпански голман Икер Касилјас синоќа го бранеше голот на Порто на „Енфилд роуд“ и успеа да постави два нови рекорди во Лигата на шампионите. Тој е сега сопственик на рекордот за најмногу настапи во ЛШ – 167, како и на уште еден рекорд, за најмногу мечеви на еден голман, кој успеал да ја сочува својата мрежа. Тоа на Икер Касилјас вклучувајќи го и синоќешниот натпревар со Порто му успеало 56 пати, односно 58, ако се сметаат и два квалификациски меча од ЛШ.
Шпанецот на крајот од оваа сезона ќе го напушти Порто и ова можеби беше неговиот последен настап во Лигата на шампионите. Како негов следен клуб се најавува шпанскиот Бетис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА