Големиот Кристијано Роналдо плати лекување на дете заболено од карцином

Фудбалските квалитети на Кристијано Роналдо се ненадминливи со години наназад, но португалскиот ас продолжува да ја покажува и човечката големина. Фудбалерот на Јувентус излезе во пресрет на барањето на семејството на 7-годишно деете заболено од карцином, целосно плаќајќи го неговото лечење.

Седумгодишниот Томас во септември 2019 година беше дијагностициран со карцином на надбубрежната жлезда, а лечењето чини околу сто илјади евра. Семејството преку најразлични апели за помош не можеше да собере ниту половина од оваа сума, но кога Кристијано дознал за случајот решил самиот да го покрие целокупното лечење на Томас.

„Томас веќе е на пат за Барселона, каде врз него ќе бидат извршени тестови и ќе почне да се лечи во болницата Вал Д’Хеброн. Благодарност до Кристијано и до Георгина за помошта, солидарноста и големото срце. Бескрајна благодарност што помогнавте Томас да почне со лечењето“, објави семејството на детето.

Се вчитува...