Реал Мадрид синоќа го освои својот 15-ти трофеј во Лигата на шампионите победувајќи го финалето во Лондон тимот на Борусија Дортмунд со 2-0. За „милионерите“ ова беше второ загубено финале во ЛШ и второ во Лондон после она во 2013 година кога беа поразени од Реал Мадрид.
После мечот можеше да се забележи големиот Жозе Мурињо, екс тренерот на Реал Мадрид кој го тешеше поразениот Един Терзиќ. После мечот откри што му кажал.
„Му реков: времето нема да ти помогне, секогаш ќе биде тешко за тебе да се сеќаваш на овој момент до крајот на кариерата, до крајот на животот. Но, мораш да бидеш горд на својата работа затоа што си неверојатен тренер и не можеше да сториш повеќе. Тренерот не може да постигне гол, тернерот не може да ја втурне топката во мрежата, туку само да ги организира фудбалерите, да даде менталитет, да даде поддршка и тој тоа го стори. Не може да отиде на теренот и да постигне гол место играчите, да го поправи она што тие го пропуштија. Но, да се напаѓа така високо Реал Мадрид, да се соправ играчи како Винициус и Родриго, никогаш еден на еден, тоа е нешто неверојатно. Тој направи се добро, освен примените голови. Само треба да биде горд“, изјави Мурињо по мечот.
“Time is not going to help you… but you have to be very proud!” 🖤💛
Jose Mourinho reveals what he said to Borussia Dortmund manager, Edin Terzic 💬 pic.twitter.com/IoWekdn7FU
— Football on TNT Sports (@footballontnt) June 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА