Мајнц денеска (17 часот) ќе го слави Николче Новески. Македонскиот репрезентативец кој одлучи да стави крај на својата кариера во 2016 година, денеска ќе го одигра својот проштален меч на „Опел Арена“ во Мајнц, и ќе ги собере на едно место најголемите ѕвезди во историјата на клубот. На тренерските позиции ќе бидат Јирген Клоп и Томас Тухел, поранешните тренери на Мајнц, кои потоа изградија големи кариери. Клоп е менаџер на Ливерпул, додека Тухел ја предводеше Борусија Дортмунд.
„Новески е едно од најголемите имиња во историјата на Мајнц, верен на клубот, капитен каков што посакува секој тренер. Не размислував ниту миг кога добив покана да бидам дел од овој спектакл“, изјави Јирген Клоп во најава на денешниот меч.
На теренот ќе се појават Невен Суботиќ, Мохамед Зидан, Луис Холтби, Иван Класниќ, Лорис Кариус, Елкин Сото, Радослав Забавник…поделени во два тима, како „Тимот на Мајнц“ и „Другарите на Николче“. Ќе биде тоа големо шоу на „Опел Арена“ во Мајнц, и специјален момент за Македонецот Николче Новески…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА