Перо Антиќ ја потврди својата човечка големина откако реши да му излезе во пресрет на поранешниот кошаркар Стеван Гешовски, уплаќајќи ги преостанатите пари што беше неопходно да се соберат за тој да замине на лекување во Москва. Антиќ по големата победа над Валенсија преку својот профил на социјалните мрежи потврди дека му помогнал на Гешовски, како подарок од срце за овој свој познаник.
„Се надевам дека братот Гешо во скоро време ќе скокне до Русија и колку – толку ќе ги среди проблемите. Ова не е за фалење, луѓе. Ова е од срце за човек кого го познавам од мојот почеток во кошарката. И, огромно благодарам за моите браќа во Управниот одбор на КК Гостивар“, порача Перо Антиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА