Никола Јокиќ ја врати претпознатливата форма во четвртфиналната серија против Оклахома во НБА лигата, но и покрај тоа што Србинот постигна 44 поени, 15 скокови и пет асистенции неговиот Денвер претрпе нов пораз од негатива од 3-2 па е на чекор на елиминација.
По натпреварот за српскиот центар говореше и неговиот голем ривал, Шеј Гилџус-Александер кој имаше пофални зборови, но напомена и дека кошарката е тимска игра.
„Пред се тој е многу паметен, мислам дека тоа му дава голема предност. Секогаш раководи со играта, секогаш размислува неколку акции понапред, чита различни врсти на одбрана, ги чита противниците. Неговата интелигенција на теренот е многу висока и тоа постојано го користи“, изјави Канаѓанецот кој беше запрашан и како неговиот тим ги преживеа 44-те поени на Јокиќ.
„Ова е тимски спорт. Никој не само сам. Чет ми е потребен мене, јас на него, Вилијамс, итн… Јасно е дека Јокиќ е многу талентиран, но нас ни е најважна победата која ја оствариме денеска“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

